На денешната прес-конференција на клубот, КК Соколи 1933 го промовираше новиот тренер, искусниот Марјан Србиноски. Популарниот “Марче” носи огромно искуство и кошаркарско знаење во Штип. Тој претходно беше тренер на Работнички во неколку наврати, Торус, Гостивар, Кожуф и Куманово, а беше и асистент и главен селектор во националниот тим.
Со самиот ангажман на Србиноски, КК Соколи 1933 ги презентира и своите амбиции во сезоната која претстои. Најпрво, се очекува КФМ да ја прифати апликацијата за настап на клубот во најсилната Супер кошаркарска лига, а потоа да пристигнат и засилувањата. На прес-конференцијата говореа градоначалникот на О.Штип Иван Јорданов, претседателот на клубот Љубе Здравков и новиот тренер Марјан Србиноски. Најавени се неколку засилувања од домашната кошарка. но и 3-ца интернационалци.
Новата сезона, кошаркарски дом на КК Соколи 1933 ќе биде новоизградената спортска сала Џексон.







