7.9 C
Shtip
spot_img

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на министерскиот состанок со Европската комисија и земјите од Западен Балкан.

На онлајн состанокот се дефинираа клучните елементи за преговорите и подготвеноста на регионот за целосно укинување на сметките за роаминг при патување во земјите на ЕУ.

Андоновски потенцираше дека оваа иницијатива е од највисок стратегиски и практичен приоритет за Владата, бидејќи носи директна корист за буџетот на граѓаните и компаниите.

„’Роаминг како дома’ не е само усогласување на закони, туку конкретна и видлива придобивка за нашите граѓани, студенти и бизниси. Целта ни е јасна: да ги скршиме дигиталните бариери, да ја доближиме Македонија до единствениот пазар на ЕУ и граѓаните практично да го почувствуваат бенефитот од евроинтеграцијата“, порача министерот Андоновски.

Покрај стратешкиот чекор кон ЕУ, интеграцијата во овој систем ќе донесе драстично пониски трошоци за комуникација, олеснета економска размена и поедноставно патување во европските земји.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img