25.3 C
Shtip
spot_img

Един Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, доби посебен подарок во пресрет на настапот на Светското првенство.

Познатото креативно студио Swithadot претстави персонализирани копачки изработени ексклузивно за босанскиот „Дијамант“, а на социјалните мрежи беше објавено и видео од неговата реакција при врачувањето на овој уникатен подарок. Специјално дизајнираните копачки ги дизајнираше македонскиот уметник и дизајнер Сатја Грабулоски.

Од студиото истакнаа дека Џеко уште од самиот почеток бил меѓу приоритетите за проектот за креирање уникатни модели наменети за врвни спортисти пред најголемата фудбалска смотра во светот.

„Кога решивме да создаваме OneOfAKindS модели за спортисти со статус и аура на најголемите, кои одат кон Светското првенство, Един беше на самиот врв од нашата листа на желби“, порачаа од Swithadot.

Како основа за дизајнот послужил моделот Adidas F50, додека инспирацијата била пронајдена во симболот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина – Змејот. Копачките ги красат две нијанси на сина боја, знамето на Босна и Херцеговина се протега долж страничните делови, а препознатливите линии на Adidas се прекриени со слој од течно 18-каратно злато.

Посебен детал претставува и натписот „ЏЕКО“, поставен на страничниот дел од копачките како завршен печат на уникатниот дизајн.

Од Swithadot Studio нагласија дека станува збор за единствен примерок кој нема да биде достапен за репродукција ниту за продажба, додека правата на дизајнот остануваат во нивна сопственост.

Компанијата rgol.pro  успеа да да лоцира и набави совршена база за копачките во рок од само 24 часа, додека за лична и безбедна достава се погрижи порпаролот на ФФМ, Златко Андоновски и нејзините претставници, објавија медиумите.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img