19.9 C
Shtip
spot_img

ЗАПОЧНА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АРМ ВО ШТИП: Ќе бидат прикажани опрема, возила и способности на единиците на македонската армија

Армијата на Република Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата.

Како што соопшти АРМ,  настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ).

-Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата, возилата и способностите на Армијата, како и со дел од активностите кои секојдневно ги извршуваат припадниците на Армијата во исполнување на својата мисија. Дополнително ќе може да се проследи показна вежба (алпинистичка), реализирана од Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, показна вежба со службени кучиња, во реализација на Командата за обука и доктрини, показна вежба – борачки вештини, во реализација на Баталјонот на специјални сили, показна вежба – егзерцир, во реализација на Баталјонот за почести, приказ на наставни медицински помагала за изведување медицинска обука и демонстрација на укажување  прва помош на повреден, во реализација на Военомедицинскиот центар, се наведува во најавата за настанот.

Презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата ќе ја посети претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На настанот ќе настапи и Воениот оркестар на Армијата, а ќе се претстави и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје за граѓаните да се информираат за можностите што ги нуди оваа високообразовна институција.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img