7.4 C
Shtip
spot_img

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во фирма што се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени тегоби кои упатуваат на можно труење со храна. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни проблеми по консумирање на оброкот обезбеден на работното место, дознава еден штипски медиум.
Двајца од вработените поради влошената здравствена состојба побарале медицинска помош и примиле инфузија, додека останатите имале полесни симптоми.
Неофицијално, храната за вработените ја доставувала фирма од Кочани, а надлежните институции се очекува да ги утврдат причините за настанот и дали навистина станува збор за труење со храна.
Одговорните служби се очекува да извршат проверки и, доколку е потребно, да бидат земени примероци за лабораториска анализа со цел да се утврди изворот на здравствените проблеми.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден по официјалните проверки и извештаи од надлежните институции.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img