23.8 C
Shtip
spot_img

Трагедија на патот Штип–Делчево: Човек загина во сообраќајна несреќа

На 25.05.2026 година, околу 21:23 часот, на магистралниот пат Штип–Делчево, во близина на местото викано „Компосара“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С. (48) од Виница, и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ. (42) од Кочани.

Од здобиените повреди, возачот на мопедот, А.Ѓ., починал додека бил транспортиран кон болницата во Кочани. Лекарите на лице место ја констатирале смртта.

По несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, со цел да се утврдат точните околности под кои дошло до судирот.

Истражните органи продолжуваат со работа на случајот. објавува Журнал.мк

━ повеќе содржини

Во четврток во Штип: Презентација на воена опрема, вооружување и способности на Армијата на РМ!

Презентација на воена опрема, вооружување, возила и способности на армиските единици, во четврток организира Армијата на Градскиот стадион во Штип со почеток од 10...

Денес е Курбан Бајрам!

Денес е Курбан Бајрам, еден од најзначајните празници во Исламската религија. Како што истакна Ердован Шабановски, Алах на муслиманите им го дал овој празник...

Детонација во Евролигата – Барселона тргнува по Жељко Обрадовиќ!

Српскиот кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ е повторно во центарот на вниманието во европската кошаркарска јавност, а според каталонските медиуми, токму легендарниот стратег е првата...

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...
spot_img