26.3 C
Shtip
spot_img

Штипјанецот Дамјан Давков „растура“ на математичките олимпијади – веќе е меѓу најуспешните наши математичари

Според официјалниот веб-сајт на Меѓународната математичка олимпијада, штипјанецот Дамјан има освоено три сребрени и два златни медали изминатите шест години. Последно нашиот математичар издоминира на Балканската математичка олимпијада каде што освои злато.

Во Македонија се кријат многу генијалци, а еден од нив е и штипјанецот Дамјан Давков кој „растури“ на низа натпревари по математика, односно математички олимпијади.

Дамјан, кој учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје  имаше чест да се натпреварува на првата Европска математичка олимпијада која се одржа во Латвија.

Овде Дамјан освои злато, додека второто место му припадна на уште еден ученик од Математичко-информатичка гимназија – Ивано Божиновски:

„Дамјан Давков и Ивано Божиновски на врвот во Европа. Горди сме на нашите ученици кои го развеаја македонското знаме во Литванија со еден златен и еден сребрен медал“, стои во Фејсбук објава на училиштето.”

Во меѓувреме Дамјан се натпреваруваше и на Македонската олимпијада по информатика каде што се закити со злато.

Како што споделија од гимназијата во којашто учи Дамјан, олимпијадата се одржа на 16 и 17 април.

Последниот голем успех на Дамјан е на Балканската математичка олимпијада во Солун каде што освои злато.

На истиот натпревар учествуваше и Ивано Божиновски кој овој пат си замина дома со бронза.

„Уште големи успеси за нашите незапирливи математичари. На Балканската математичка олимпијада во Солун Дамјан Давков освои злато, а ученикот Ивано Божиновски освои бронза.

Нема поголем успех за училиште од успехот на неговите ученици“, пишува на Фејсбук објава на гимназијата.

На Балканската математичка олимпијада учествуваа 148 натпреварувачи од 25 држави.

Во јули годинава ќе се одржи и Меѓународната математичка олимпијада, на која Дамјан Давков веќе има учествувано, и тоа шестпати.

Според податоците на официјалниот веб-сајт на Олимпијадата, тој има освено 2 златни и 3 сребрени медали, како и едно почесно признание.

Според агрегаторот на резултати moreresults.org, каде се собираат резултатите од неколку математички натпревари, Дамјан е меѓу најдобрите според освоените медали.

Иако е важно да се напомни дека веб-сајтот е агрегатор и можно е некои натпревари и учесници да се изоставени, според податоците што се достапни сега, од 17 учества, Дамјан има освоено дури седум златни медали, шест сребрени, една бронза, како и три почесни признанија.

Дури и да не е на врвот, успехот на Дамјан е во најмала рака импресивен и тој е доказ дека и во Македонија навистина се кријат вистински генијалци.

━ повеќе содржини

Штипските Соколи сакаат да “летаат” високо во Суперлигата!

Екипата на КК Соколи од Штип и натаму продолжува да го пополнува својот ростер за следната натпреварувачка сезона. Овојпат во прашање е странско засилување...

Штипска црна хроника: Татко ја нападна ќерка си со тврд предмет!

Вчера, (20.08.2026) во СВР Штип, 45-годишна жена од Штип пријави дека во семејниот дом, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко А.Т....

Лажен лекар од Штип измамил жена за 2.500 евра, ја убедил дека внука ѝ е повредена

Лажен лекар од Штип доби кривична пријава откако измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра, убедувајќи ја дека нејзината внука паднала и тешко се...

ФК Брегалница по стапките на најголемите клубови: Fantasy лига за сите фанови!

Фудбалскиот клуб Брегалница, по пандан на најголемите европски клубови, отвори своја Фантази Премиер Лига за своите навивачи и фанови. Ваков случај имаат најпознатите фудбалски...

Милан Димитровски од Штип ќе плива делница од 27км, од Охрид до Свети Наум!

На 30 август, штипјанецот Милан Димитровски ќе се соочи со исклучително тежок спортски предизвик – да исплива 27 километри во отворени води, од Охрид...
spot_img