Нови набљудувања покажаа дека пингвините можат да имаат дури до 1.000 кратки дремки во текот на еден ден.

Наместо континуиран сон, овие птици практикуваат серија на екстремно кратки „микро-спиења“, кои траат само неколку секунди, но заедно им овозможуваат доволен одмор за нормално функционирање.
Научниците објаснуваат дека ваквиот ритам на спиење е прилагодување на суровата средина во која живеат, каде постојаната будност е клучна за преживување поради предатори и екстремни временски услови.
Истражувањата сугерираат дека збирот на овие кратки дремки може да замени класичен долг сон, без да се наруши нивната енергија и активност во текот на денот.
Ова само ја нагласува нивната неверојатната способност да се адаптираат и да преживеат во едни од најтешките услови на планетата.







