21.2 C
Shtip
spot_img

Почна снимањето на “Снешко” – нова македонска тинејџерска хит серија!

„Дрим Фектори“ го отпочнува снимањето на „Снешко“ – тинејџерска бајка за девојка која никогаш не видела снег.

„Снешко“ е драма за едно тинејџерско созревање со елементи на фантазија. Лили (16) живее на остров, кадешто никогаш не снежи. Таа е математички гениј — интровертна, оригинална, неприфатена од средината. Таа ја носи со себе сликата на татко си — морнарот кого морнарите го нарекуваат Капетан Снешко, насекаде: присутен во нејзиниот ум, жив во нејзините мисли, водечки. Кога Тајното математичко здружение ја избира да се натпреварува со четири математички гении во средновековниот Castello di Verrès во Италија, Лили за прв пат го напушта сончевиот остров и добива шанса да го види снегот за кој отсекогаш сонува. За да победи на натпреварот, мора да направи нешто поголемо од математика. И тоа е единствената задача за која таа нема формула.

Филмот го режира Стојан Вујичиќ, еден од водечките македонски автори, чиј опус вклучува играни и документарни филмови, прикажани и наградени на домашни и меѓународни фестивали. Автор е на Стела (2021), првиот македонски долгометражен игран филм за деца. Дена Вујичиќ учествува во продукцијата и како негов креативен соработник. Сценариото го потпишуваат Стојан Вујичиќ во соработка со Александар Русјаков како и Дена Вујичиќ (19), која е вклучена во проектот како нивен креативен соработник — таа го носи во процесот на она, за коешто не постои замена: перспективата одвнатре.

Во главните улоги настапуваат: Ирина Апелгрин, Христијан Ристевски, Тони Наумовски, Даниела Ивановска, Симеон Дамевски, Тони Михајловски и др. Кинематографер на филмот е Дејан Димески, костимограф е Гео Павлов, сценограф е Влатко Зафирковски, автори на шминката се Магдалена Бојаџиева и Снежана Ангеловска Живковска, а Продуцент е Огнен Антов.

„Снешко“ е меѓународна копродукција на „Дрим Фектори“ (Македонија) со партнерски продукциски куќи од Хрватска („Sekvenca“), Италија („The Box film“), Бугарија („Samsara“) и Албанија („Papadimitri film production“). Продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм на Република С. Македонија, и националните фондови на државите.

━ повеќе содржини

Штипјанецот Горан Тонев промовираше нова песна!

"Со голема возбуда сакам да ви ја споделам мојата нова песна "Да си со мене" која ја снимивме со Јордан Манов. само неколку дена пред да...

“Генералка викенд 2026” – во Штип на 09.Мај (сабота)!

Општина Штип и УГД заедно во „Генералка Викенд 2026“ – голема еко акција за почиста иднина Општина Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“ се приклучуваат на...

Брегалница во недела на “Градски” го игра натпреварот на сезоната!

Во недела (10.05) на градскиот стадион во Штип се игра дербито на втората македонска фудбалска лига и директен дуел за пласман во прва лига...

Гигантот SPAR пристигнува во Македонија – ново шопинг искуство

Малопродажниот гигант SPAR ги отвора своите први маркети SPAR во Џевахир Мол и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје со што најавува...

Зеленчук што е поздрав кога термички ќе се обработи

Сè поголемиот интерес за сурова исхрана отвори дебати околу тоа дали хранливата вредност на намирниците се губи со готвењето. Сепак, бројни истражувања покажуваат дека термичката...
spot_img