28.3 C
Shtip
spot_img

Градоначалникот Јорданов синоќа говореше на трибината на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“

“Вечерва имав чест да се обратам на трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ, на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, каде како градоначалник на Општина Штип зборував за делото и аманетот што Делчев го остави на сегашните и идните генерации.

Истакнав дека неговата улога и значење и денес се длабоко вкоренети меѓу граѓаните на Штип, особено ако се земе предвид неговата мисија токму на овие простори. За тоа сведочат бројните песни, сеќавања, но и институции и организации кои и денес гордо го носат неговото име.

Нашата обврска како институции не е само формално да го одбележуваме, туку вистински да го доближиме неговото дело до младите. Без разлика на времето што поминало, делото на Делчев останува темел врз кој се гради нашата државност и општествена свест.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на оваа мисија – преку образовните и културните институции да го приближиме ликот и делото на Делчев до младите генерации, поттикнувајќи ги да создаваат, да учат и да придонесуваат за заедницата во која живеат.” – напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img