24.1 C
Shtip
spot_img

Епилог од шпекулациите: Бресквица и Дончиќ конечно заедно?

Младата музичка ѕвезда Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, наводно ја прекинала својата долгогодишна емотивна врска со партнерот Немања. Иако многумина очекуваа дека по пет години љубовта ќе ја крунисаат со брак, дошло до ненадеен пресврт кој ги изненади нејзините бројни обожаватели.

Нивниот однос веќе подолго време не бил стабилен, а конечниот раскин се случил пред околу два месеци, по што пејачката веќе се иселила од заедничкиот дом каде што живееле. Според извори блиски до пејачката, Анџела и Немања неодамна пробале да и дадат уште една шанса на својата љубов, но бидејќи тоа не функционирало, сфатиле дека е најдобро да се разделат.

Фановите први забележаа дека нешто не е во ред бидејќи парот одамна не се појавил заедно во јавноста, а иако Бресквица сè уште јавно не ги потврдила овие наводи, нејзиното заминување од заедничкиот стан е јасен знак дека навистина е ставена точка на нивната петгодишна романса.

Во јавноста, во претходните неколку недели на големо се шпекулираше дека Анџела е во комуникација со словенечката мега кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ. Во склоп на тие шпекулации, Дончиќ во меѓувреме е во лоши односи со својата сопруга и наводно и тој го напуштил семејниот дом.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img