17.1 C
Shtip
spot_img

НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: ПО СОНЧЕВОТО УТРО ДОЖД И ГРМЕЖИ!

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но стабилноста нема да трае долго.

Според најавите, од пладневните часови се очекува локален дожд, а на одредени места и појава на краткотрајни поројни врнежи проследени со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува, дополнително придонесувајќи за нестабилност во атмосферата.

Температурите ќе се движат во интервал од утрински 3 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 12 и 23 степени, зависно од регионот.

Во Штип, времето исто така ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови се очекува повремен дожд во одделни делови од котлината, проследен со слаб до умерен ветер од северен правец.

━ повеќе содржини

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...
spot_img