8.9 C
Shtip
spot_img

Ако ви останале варени јајца од Велигден и веќе ви здодеало да ги јадете на ист начин, можете да ги искористите за разни едноставни и вкусни јадења. Овие јадења се подготвуваат брзо, не бараат посебни состојки и повеќето работи веројатно веќе ги имате во вашата кујна.

Француски компири

Состојки:

– 1 кг компири
– 5-6 варени јајца
– 250 г колбаси
– 1 мала павлака
– 2 јајца
– зачини

Подготовка:

Компирите излупете ги и исечете ги на кругови. Во огноотпорен сад или плех наредете еден ред компири, еден ред јајца, потоа еден ред колбаси и продолжете по тој редослед додека не се потроши материјалот.

Секој ред компири и јајца зачинете го по вкус.

Завршете со еден ред компири, а потоа прелијте со смесата од јајца и павлака. Печете на 180 степени 25 минути.

Ќофтиња од јајца

Состојки:

– 300 грама шунка
– 4 варени јајца
– 2 свежи јајца
– 2 лажички презла
– зачини по вкус

Подготовка:

Излупете ги и згмечете ги варените јајца, а потоа исечкајте ја шунката. Во посебен сад изматете ги двете јајца. Измешајте ги изматените јајца со смесата од варените јајца и додајте ја шунката. Додајте зачини по вкус, па добро измешајте.
Кога смесата ќе се соедини, додајте малку презла, онолку колку што е потребно за смесата повеќе да не биде леплива. Формирајте ќофтиња и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете 25 минути на 180 степени.

━ повеќе содржини

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...
spot_img