12.9 C
Shtip
spot_img

Утре (четврток) во Штип започнува финалната серија во машка одбојка!

Од утре започнува финалната серија за тоа кој да биде шампион во Првата одбојкарска лига на Македонија во машка конкунреција, Штип УГД или ГОК Борец.

Штипјани ја одбранија Куп титулата по третпат во низа и сега сакаат да ја освојат шампионската титула и со тоа да испишат нова клупска историја обединувајќи ги двете титули.

Влезот во спортската сала „Јордан Мијалков“ е слободен, а тоа е причина плус да се наполни трибината и да им се даде силна поддршка на одбојкарите, кои бараат поддршка од верните навивачи како ветер во грб и со победа над велешани да ја отворат финалната борба.

Ова ќе биде реприза на Куп финалето каде Штип УГД беше подобар од ГОК Борец, но сега походот кон шампионската титула има уште поголема тежина.

Утрешното дерби во „Јордан Мијалков“ започнува во 19 часот.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img