12.9 C
Shtip
spot_img

503 матуранти во Штип ќе полагаат матура, Штип повторно центар за полагање на регионот

Вкупно 503 матуранти годинава ќе полагаат матура во средните училишта во Штип. Од нив, 372 ќе полагаат државна матура, што е најголемиот дел од генерацијата. Државна-стручна матура ќе полагаат 15 ученици, додека 33 се определиле за уметничка матура. Училишна матура ќе полагаат 38 ученици, а 45 ученици се од тригодишното образование и ќе го полагаат завршниот испит. Со тоа за нив почнува ново поглавје во животот.

,,Годинава во Општина Штип, средното образование го завршуваат 503 ученици, кои ќе полагаат различни видови матура, зависно од средното училиште и од плановите на учениците во иднина. Најголем дел од нив ќе полагаат државна матура, внупниот број е 372 од сите средни училишта и општинските и државните на тетиторијата на општианта. Потоа ќе имаме и државна-стручна матура, вкупно се 15, од кои осум од Регионалниот центар за стручно образование и обука Коле Нехтенин, а седум од средното медиицнско училиште. Потоа тука спаѓаат и учениците кои што ќе полагаат средна уметничка матур, тоа се ученциите од ДМУЦ,,Сергеј Мијхалов“; вкупниот број е 33. Потоа имаме полагање на училиша матура, бројот е 38 на нивно на општина и исто така имаме и ученции кои што ќе го полагаат завшрниот дел д овој испит. Вкупниот број е 45, тоа се оние кои завршуваат три годишно средно образование.“, вели Санева

Штип ќе биде повторно центар на регионот за полагање матура , вели Санева. Додаде дека полагањето ќе се одржи во просториите на УГД Штип, во еден или два кампуса.

Државната матура, значи прооднос на сите факултети во државата, дополнително посочи Санева. Државната стручна матура значи прооднос на факултети кои се соодветни на средното стручно образование, додека државната уметничка за музичките факултети. Училишната останува само со добивање сертификат, со цел да го заокружи средното образование, но не и да го продолжи образованието понатаму.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img