12.9 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница е во пол-позиција за пласман во прва лига!

Штипските сини уше еднаш ја потврдија одличната форма во овој дел од првенството со уште една важна победа против директен конкурент за влез во првата лига. Во саботата (04/04/2026) со 0:1 Брегалница го победи ФК Скопје во скопската населба “Железара”.
Победата е од круцијално значење, знаејќи го фактот дека со овие 3 бода, не само што го претекнаа ФК Скопје на второлигашката табела, туку сега се во пол-позиција за влез во прволигашкото друштво. Голот за Брегалница го постигна напаѓачот Никола Талески во 41 минута од натпреварот.
Веќе во следното коло, за Велигден, штипјани го дочекуваат Големо Коњари во натпревар кој навидум треба да биде лесен тренинг за домаќините.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img