Во една прекрасна атмосфера пред повеќе од 3000 гледачи, ФК Брегалница во борбата за прва лига го совлада директниот конкурент Охрид со 1:0. Стрелец на голот беше младиот Лука Ѓеоргиев во 45-та минута од првото полувреме. Мечот се одигра под рефлектори, во вечерен термин.
Моментално штипските сини се наоѓаат на делба на втората позиција со 49 бодови, а ФК Скопје е прв со 50 Токму против Скопје го вости во следната рунда се игра дербито на колото.







