Возачите во Бугарија имаат можност да купат еднодневна винетка по цена од 4,09 евра, новина што до сега не беше достапна.
Сега се нудат повеќе видови винетки:
Дневна – 4,09 евра
Викенд – 5,11 евра
7 дена – 7,67 евра
1 месец – 15,34 евра
3 месеци – 27,61 евра
1 година – 49,60 евра
Оваа нова опција е воведена по барање од Европската унија, со цел да се олесни користењето на патиштата за краткотрајни патувања и туристички посети.







