6.5 C
Shtip
spot_img

ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ИМ ИСПЛАТИ ПО 55.000 ЕВРА НА СЕМЕЈСТВАТА ПОГОДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КРАН-МОНТАНА

Швајцарија соопшти дека семејствата погодени од пожарот во скијачкиот центар Кран-Монтана во новогодишната ноќ ќе добијат по 50.000 швајцарски франци (55.000 евра). Во пожарот во тамошен бар предизвикан од прскалки загинаа 41 лице, а 116 беа повредени.

Придонесот за солидарност има за цел да обезбеди брза финансиска поддршка за жртвите и да послужи како гест на сочувство, соопшти швајцарскиот Федерален совет.

„Исплатата ќе се однесува на секое лице кое го загубило животот и на секое лице кое било хоспитализирано“, појасни Федералниот совет.

Повеќето од загинатите биле тинејџери, а многумина од жртвите биле странци, вклучувајќи неколкумина од Франција и Италија.

Федералниот совет соопшти дека ќе свика тркалезна маса за да им помогне на жртвите, осигурителите и властите да постигнат вонсудски спогодби, со што потенцијално ќе се избегнат долги правни битки. Советот планира да придонесе со сума до 22 милиони евра за вакви спогодби.

━ повеќе содржини

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...
spot_img