23.2 C
Shtip
spot_img

Асфалт на дел од трасата Пребег-Железничка-Плуждино

Интезивно се работи на трасата на обиколницата која треба да ги поврзува населбите Пребег, Железничка и Плуждино во Штип. Денеска се асфалтираше дел од трасата, а во наредниот период се очекува целосно завршување на активностите, со што Штип добива можност дополнително да се развива. Во овој дел од градот ќе има можност за изградба на нови станбени и деловни единици, урбанизација на потегот и проширување на градот/

„Со асфалтирањето на еден дел од трасата значително ќе се реализира предвидениот проект. Повеќе од 50% се реализирани активностите поврзани со обиколницата која има за цел да ја подобри состојбата со сообраќајниот метеж во Штип, да овозможи иден урбанистички развој, нови населби и проширување на веќе постоечките населби. Станува збор за еден предел кој никогаш досега не бил урбанизиран, а согласно ДУП ова е одлична можност Штип да продолжи да се развива“ – вели Јорданов.

Во меѓувреме завршена е тендерската постапка за изградба на нов мост на река Брегалница кој би требало да ги поврзува овие населби. Се очекува во наредните месеци да започне изградбата на нов челичен мост кој ќе го растерети сообраќајниот метеж во градот.

„Очекуваме во наредните месеци да започне изградбата на нов челичен мост на река Брегалница, ист таков како кај булеварот Партизанска. Ќе биде во месноста Плуждино и ќе овозможи функционалност на обиколницата. Проектот е во вредност од над два милиони денари“ – додава Јорданов.

Активностите на терен во Штип започнаа со подобрување на временски услови на повеќе локации во градот, со што се означи и почетокот на новата градежна сезона.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img