7.4 C
Shtip
spot_img

Ива Цацкова, штипска убавица и модел со интернационален успех: “Уживам во секој момент од животот”

Штипјанката Ива Цацкова (20) зачекорила во професијата модел на 13-годишна возраст со идеја да го изрази својот креативен дух и да се предизвика себеси во оваа динамична и интересна професија.

– Моделството ми овозможува да изразам различни аспекти на мојата личност преку фотографиите и да работам со луѓе од различни култури и професии. А најважно од сѐ е тоа што мојата најголема желба е да патувам – ни вели Ива на почетокот на разговорот.

Денес таа студира архитектура на внатрешен дизајн, вљубеник е во уметноста и креативното изразување. Објаснува дека токму оваа страст ја поттикнала да се посвети на моделството на кое гледа како на уште една форма на уметност.

– Мојата кариера ја започнав преку матичната агенција „Моделс ин“, каде ја добив можноста да се развивам и да работам како интернационален модел, на интересни проекти, со кои продолжувам да го надградувам моето искуство во оваа професија – вели Ива.

За еден од своите најголеми успеси го смета ангажманот во Турција, каде што имала прилика да учествува во голем број престижни проекти.

– Еден од најзабележителните моменти беше кога снимив кампања за „Хуавеј“, што беше навистина голема чест и признание за мојата работа како модел – ни раскажува.

Младата убавица смета дека е можно  да се живее од моделски ангажмани и во Македонија.

– Но, потребно е многу посветеност, упорност и работа. Пазарот можеби не е толку голем како во некои други земји, но со правилно планирање и професионализам, моделството може да биде одржлива професија – ни објаснува и додава дека професионализмот во оваа фела е клучен.

„Важно е да си посветен, да ги почитуваш роковите и да имаш сериозен пристап кон секоја задача. Соработката со професионални тимови е важна за да се постигнат високи и квалитетни резултати и да се гради добра репутација“.

Себеси се гледаа како успешен модел со меѓународна кариера, со многу повеќе реализирани проекти на глобално ниво.

– Плановите ми вклучуваат проширување на мојата кариера во други модни центри, како Париз или Милано, и соработка со познати модни брендови – додава Ива.

А кога не е пред објективите, таа е опуштена, љубопитна и спонтана личност. Така се опишува себеси. Вели дека најмногу од сè сака да патува, да запознава нови култури и да ужива во секој момент од животот.

На прашањето дали верува во љубов и што е потребно да поседува еден маж за да ја освои, убавицата ни одговара:

„Да, верувам во љубов. За да ме освои некој маж, најважно е да биде искрен и со силен карактер. Ценам кога некој е амбициозен и посветен на своите цели, исто како што јас сум посветена на моите“.

━ повеќе содржини

“Градски хор Штип” гордо ја претстави Македонија во Дубаи!

"Некои соништа почнуваат со тивка покана… а завршуваат со громогласна песна. Нашиот хор ја имаше честа да ја претстави Македонија во Дубаи – далеку од...

Штипскиот музичар Јоце Панов со втор солистички концерт во Македонска филхармонија

По исклучителниот успех на 8-ми март минатата година, очигледно концертот на Јоце Панов во Македонската филхармонија прераснува во настан што публиката го побара повторно. Kартите...

КОНКУРС НА ГОДИНАТА: ШПАНИЈА БАРА 10.000 ДОБРОВОЛЦИ КОИ ЌЕ СЕ КОЦКААТ ВО ТЕКОТ НА 4 ГОДИНИ!

Шпанија бележи значителен пораст на вработувањето во индустријата на игри на среќа и iGaming, позиционирајќи се како еден од водечките европски центри во овој...

НАЈАВА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ БОКС СПЕКТАКЛ НА СИТЕ ВРЕМИЊА – ТАЈСОН vs. МЕЈВЕДЕР ЌЕ БОКСУВААТ ВО КОНГО!

Двајца од најголемите боксери во историјата, Мајк Тајсон и Флојд Мејведер Џуниор, официјално ќе се соочат во спектакуларен експонициски меч закажан за 25 април...

ФК Брегалница викендов во Гевгелија го отвора пролетниот дел од сезоната

Штипската гордост, екипата на ФК Брегалница во сабота (21.02.2026) го отвора вториот дел од фудбалската 2025/2026 сезона. Штипските сини во првото коло од пролетната...
spot_img