11 C
Shtip
spot_img

Петто место за штипјанецот Марко Џорлев на Европското првенство во Кипар!

Младиот и успешен каратист Марко Џорлев од Штип освои петто место на Европското првенство во Кипар. Џорлев е задоволен од настапот на неговото прво Европско првенство на кое како што вели е кремот од каратето од Европа.

„Изминатиот викенд учествував на Европско првенство за младинци, кадети, јуниори и помлади сениори. Таму го освои петтото место, јас сум доста задоволен можам да кажам, бидејќи ова е голем успех за мене, ова е прво ЕП на кое учествувам и веднаш петто место, фала му на Бога, супер, голем успех. Доста сум задоволен и од организацијата на оваа ЕП бидејќи беше навистина на многу високо ниво. Овде кремот од каратето од Европа. Имаше свечено отварање, свечено затварање, беше присутен и претседателот на Светската карате федерација и беше навистина на многу високо ниво“, ни изјави Џорлев.

Настапот на Европското првенство за Џорлев е големо искуство и ветер во грб за идни успеси, а фокусот годинава ќе биде и настапот на Светското првенство.

„Токму за оваа Европското првенство имаше квалификациски турнир тоа беше Државното првенство, на кое требаше да освојам медал за да одам потоа во плеј-офот каде што медалистите од Државното првенство се бориме меѓусебе за кој ќе ја претставува Македонија на ЕП. Јас изминатата година по четвртипат станав Државен првак. Оваа ЕП е многу големо искуство за мене бидејќи е прво и ми дава ветер во грб за понатаму, еве оваа година имам Светско првенство, ова ми беше дополнително искуство и припрема за СП на кое ќе атакува на медал. Светското првенство се одржува во октомври во Полска. За таму исто така ќе има државно првенство изборен турнир и навистина се надевам и ветувам дека ќе се спремам доста напорно, ќе се мотивирам и ќе гледам да освојам медал“, дополни Џорлев.

До настапот на Светското првенство, Џорлев го очекуваат и други предизвици.

„Прво на домашна сцена имаме доста турнири во пролетта, кои што ќе се одржат во Македонија. Има еден турнир на кој што најверојатно ќе учествувам во Црна Гора, но исто така доста турнири – Грант Прих Македонија кој што е најголем турнир во Македонија, кој ќе се одржи на 14 март во Скопје. Потоа летото каде што лани освои бронзен медал повторно ќе одам на Светската младинска лига во Пореч, Хрватска. Таму ќе учествувам и здравје тоа ќе ми биде последен голем турнир пред Светското првенство“, ни изјави Џорлев.

Младист каратист се заблагодари на неговите родители, како и за неговите тренери браќата Жарко и Сашко Арсовски кои биле во Кипар каде му давале силна поддршка.

„Сакам да упатам голема благодарност најпрво до моите родители кои беа таму и беа со мене, цело време ми даваа ветер во грб низ моите борби. Исто така сакам јавно да се заблагодарам и на моите тренери, браќата Жарко и Сашко Арсовски, кои не беа дел од репрезентацијата како тренери на оваа Европско првенство, но на свој трошок и со свој напор беа на оваа ЕП и ме водеа од трибините низ сите мои борби. Сакам да се заблагодарам и на Господ кој што ме водеше и кој што ми овозможи да освојам петто место“, завршува Џорлев.

Џорлев е млад и успешен каратист кој е иднината на македонското карате, зад него веќе се големи успеси, покрај тоа што е државен шампион, тој е и Балкански шампион.

━ повеќе содржини

Над 200 нови дрвја засадени на булевар „Партизанска“ – ЈП „Исар“ со акција за позелен Штип

ЈП “Исар” Штип викендов реализираше нова акција за раззеленување на градот, при што на новоизградениот потег од булеварот „Партизанска“, во делот на разделното зеленило,...

Физички напад врз директорот на клиничката болница во Штип Д-р Владко Захариев

Лице вработен како болничар, во саботата се однесувал исклучително агресивно, вербално со тешки навреди го нападнал директорот на КБ Штип Владко Захариев, а се...

Македонскиот памук: од 90 % снабдување во Југославија до исчезнување

Памукот некогаш бил значајна земјоделска и индустриска култура во Македонија, но денес практично не постои како масовно одгледувана култура, иако има историски корени и...

Поскапи горива од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени...

ИЗГОРЕ ЛУКСУЗНИОТ „БРАБУС“ НА БАКА ПРАСЕ – ЈУТЈУБЕРОТ СО НЕОЧЕКУВАНА ПОРАКА: „ПОЧИВАЈ ВО МИР!“

Бака Прасе повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради драматичен настан што ја вознемири јавноста. Популарниот јутјубер објави видео на Инстаграм...
spot_img