20.6 C
Shtip
spot_img

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Брлата куќа.

– Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство, се наведува во зaедничката изјава.

Клучните услови на Договорот ќе вклучуваат:

• Северна Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски стоки извезени во Северна Македонија.

• Соединетите Американски Држави ќе ги одржат на 15 проценти реципрочните тарифи, како што е наведено во Извршната наредба 14257 од 2 април 2005 година, како што е изменета, за стоки со потекло од Северна Македонија, а исто така ќе ги идентификуваат производите од листата наведена во Анекс III на Извршната наредба 14346 од 5 септември 2025 година, Потенцијални прилагодувања на тарифите за усогласени партнери, како што е изменета, за да добијат реципрочна царинска стапка од нула проценти. Соединетите Американски Држави и Северна Македонија можат да разгледаат други модификации на тарифите по склучувањето на Договорот, земајќи ги предвид трговските биланси и други соодветни фактори.

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе работат на решавање на загриженоста на САД во врска со нетарифните бариери наметнати од Северна Македонија, кои влијаат на билатералната трговија во приоритетните области.

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија се обврзуваат да одржат консултации за решавање и спречување на бариерите за американските земјоделски производи на македонскиот пазар.

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија се обврзаа да ја зајакнат економската и националната безбедносна соработка за да ја подобрат отпорноста на синџирот на снабдување и иновациите преку комплементарни активности за справување со непазарни политики на други земји, како и за борба против избегнувањето на давачки и соработка во прегледите на инвестициите и контролата на извозот. Оваа обврска вклучува соработка за да се обезбеди дека меѓународните обврски за набавки ќе им користат само на оние земји кои ги презеле истите обврски.

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја забележуваат својата намера да ги олеснат и подобрат трговските врски.

• Во врска со можностите во енергетскиот сектор, Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја земаат предвид изградбата на важен нов гасен интерконектор помеѓу Северна Македонија и Грција, што ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да ја подобри енергетската безбедност и да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување на американски течен природен гас (LNG). Северна

Македонија ќе започне со купување на американски LNG по завршувањето на новиот гасен интерконектор.

• Северна Македонија се обврзува да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефикасно да ги спроведува своите закони за животна средина.

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе разговараат за обврските за заштита и спроведување на интелектуалната сопственост, вклучително и за географските ознаки.

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе се ангажираат за решавање на прашања поврзани со трудот.

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја препознаваат важноста на обврските со високи стандарди за дигитална трговија со цел да се поттикне отворена и конкурентна дигитална економија. Северна Македонија се обврза да не наметнува данок на дигитални услуги и да поддржи усвојување на траен мораториум на царински давачки за електронски преноси во Светската трговска организација (СТО).

• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја препознаваат важноста на олеснувањето на трговијата со услуги. Северна Македонија ја потврдува својата посветеност на Заедничката иницијатива на СТО за домашна регулатива за услуги.

Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе работат на финализирање на Договорот, подготовка на Договорот за потпишување и преземање на домашни формалности пред стапувањето во сила на Договорот, се наведува во соопштението од Белата куќа.

━ повеќе содржини

Нови 8-во-1 паметни камери пристигнуваат на патиштата: Снимаат сè што правите зад воланот, откриваат до 8 прекршоци одеднаш

Европските земји воведуваат нова генерација „паметни камери за брзина“ напојувани со вештачка интелигенција, кои можат да детектираат повеќе сообраќајни прекршоци одеднаш. Европските земји сè повеќе...

Штипјанец ги злоупотребил податоците од својот татко за да земе кредит, поднесена кривична пријава!

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, без знаење...

ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 6,5 ДЕНАРИ, БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на...

ВАР добива поголема моќ на Светското првенство: нови правила за црвени картони, задржување време и повреди

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се игра со нови правила, откако Меѓународниот борд на фудбалските асоцијации – ИФАБ потврди пакет измени...

Само 12 дејности во Македонија се со плата над 1.000 евра!

Платите во Македонија и понатаму покажуваат значајни разлики меѓу секторите, при што мал број дејности издвојуваат значително повисоки примања од националниот просек, покажува најновата...
spot_img