25.8 C
Shtip
spot_img

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ДЕНЕС ПОЛНИ 57 ГОДИНИ, А ОВА СЕ ПЕТ РАБОТИ ШТО СИГУРНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕА

Џенифер Анистон денес, на 11 февруари, го слави својот 57. роденден. По тој повод, ви претставуваме пет интересни факти за неа кои веројатно досега не сте ги знаеле.

фото: принтскрин/youtube/Armchair Expert with Dax Shepard

Иако уште на само 11-годишна возраст застанала на „штиците што живот значат“, Џенифер и пред да се прослави како актерка наоѓала различни начини да заработи. Работела како доставувач на весници, при што еднаш со велосипед се судрила со автомобил; била и телефонски оператор, како и келнерка.

Долго време одбиваше да се приклучи на социјалните мрежи, но кога во 2019 година конечно отвори профил на Инстаграм, влезе и во „Гинисовата книга на рекорди“. Имено, толку многу луѓе сакале веднаш да ја следат што серверите накратко не можеле да го издржат напливот. Таа и ден-денес важи за личноста која за најкратко време достигнала еден милион следбеници.

Покрај актерството, сакала да обезбеди и дополнителен приход, па во 2010 година го лансирала својот прв парфем, по што следувале уште неколку.

Анистон во една пригода признала дека имала тешкотии со учењето сè додека не ѝ била дијагностицирана дислексија.

„Мислев дека не сум паметна. Ништо не можев да запомнам, но сега знам зошто. Кога дознав за дислексијата, имав чувство дека сите мои детски трауми добија објаснување“, изјавила таа на оваа тема.

Еднаш, пак, едвај успеала да ги сними сцените со пливање поради силен страв.

„Во суштина, имам страв од нуркање. Како дете возев трицикл околу базенот и влетав право во него. Не го пуштав трициклот сè додека брат ми не дојде да ме спаси. Не можам да нуркам и никој не ми верува. Но искрено не можам“, објаснила таа своевремено.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img