„Се сретнавме еднаш во хотел во Дубаи, на појадок ме шмекаше и ми намигнуваше, а јас го искулирав. Добрата страна што го одбив е тоа што Викторија ја понижува снаата. Опсесивна мајка, значи свекрва од пеколот. Но, како би одиграла јас валкан танц со Викторија на свадбата, е за тоа ми е жал“ – вели српската пејачка Сандра Африка.
Семејството Бекам веќе долг период е во фокус на јавноста заради драмата во семејните односи, што кулминираше со неодамнешното огласување на Бруклин.
По месеци молчење, тој одлучи да ја каже неговата страна, па беше прилично брутален велејќи дека неговото семејство е токсично, а едвај чекал да побегне од нив.
„Не знам дали се сеќавате на моите приказни за синот на Дејвид Бекам, овој малиов што сега е по сите медиуми.
Се сретнавме еднаш во еден хотел во Дубаи, на појадок ме шмекаше, ми намигнуваше и ми се смешкаше, а јас го искулирав.
Добрата страна што го одбив е тоа што Викторија ја понижува снаата, што е болно и страшно.
Замислете да ми е свекрва Викторија – ау брате! Опсесивна мајка, значи свекрва од пеколот. Страшно.
Лошата страна е што мајката извела валкан танц на свадбата. Ух, како би одиграле јас и Викторија валкан танц на свадбата.
Е за тоа ми е жал. Ех, да знаев дека ќе биде вака… Го чекаме продолжението на драмата која ја пропуштив.
Поздрав за мојот мувач Бруклин, те бакнува Африка, а секако и за мама и тато“ – вели таа во обраќање на ТикТок.







