15.9 C
Shtip
spot_img

Изборот на Седлоски за нов селектор ги раскара Игор Ангеловски и Горан Пандев

Изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, ги раскара поранешниот селектор Игор Ангеловски и директорот на националните репрезентации, легендарниот Горан Пандев.

Ангеловски и Пандев се „пресметаа“ на социјалните мрежи, односно андев не му остана должен на поранешниот селектор.

„Селекторот Гоце Седлоски ни риба ни девојка!

Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО најпрво со селекторот Благоја Милевски, а сега и со изборот на новиот селектор Гоце Седлоски за клучните натпревари за пласман на Светско првенство кој претставува Национално прашање!

Комисија или одлука на УО на ФФМ сеедно е!

При избор на селектор треба да се има сериозен пристап. Таа функција не трпи пресметки како за избор на гувернер на национална банка на една држава каде се „регулираат парите во оптек”.

Вие не правите разлика, важно е само личните интереси да Ви бидат задоволени. Ваков скандал колеги „мои” кои сте во комисијата и сакате да се амнестирате Ве молам да не ми се јавувате! Одважете се и излезете јавно! Сите сте докажани, реализирани фудбалски професионалци! Зошто дозволувате да бидете пандан зад кој се кријат „фудбалски стаорци”.

После сѐ што слушнав на денешниот семинар за тренери носители на про-лиценца кој се одржуваше во исто време кога беше промоција на новиот селектор во хотелот „Хилтон“ и тоа од моите колеги кои беа во огромен број е причината да излезам јавно и да го изнесам мојот став.

Ако еден зборува тогаш или е до него или е до тебе. Ако двајца или повеќе зборуваат тогаш г. Омерагиќ треба да се замислиш.

Mакедонскиот фудбал ова не го заслужува!

Игор Ангеловски – поранешен селектор на Македонската фудбалска репрезентација кој заедно со целиот стручен штаб, играчите, техничкиот и медицинскиот персонал го постигна најголемиот историски успех во македонскиот фудбал – Пласман на Европско првенство“, напиша поранешниот селектор Игор Ангеловски.

На оваа помалку и навредлива објава, веднаш реагираше поранешниот капитен и најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација.

„Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни 6 часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експерот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеца. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, поминато времето на шуто и рогато во ФФМ“, објави Горан Пандев.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img