4.4 C
Shtip
spot_img

ЗЛАТОТО И СРЕБРОТО НА РЕКОРДНИ ВИСОЧИНИ: ПОРАСНА ЗА 67% И 138% ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА!

Цените на златото и среброто продолжуваат да го рушат рекорд по рекорд, при што златото првпат го надмина нивото од 4.400 долари за унца, а среброто достигна 69,44 долари, највисоко досега. Од почетокот на годината, златото е во пораст од 67%, а среброто импресивни 138%, поттикнато од силната побарувачка и ограничената понуда на пазарот.

Растот на цените е поткрепен од очекувањата за намалување на каматните стапки во САД, геополитичките и трговските тензии, како и континуираното купување од страна на централните банки. Послабиот долар дополнително ја зголемува атрактивноста на металите за меѓународните купувачи.

Мет Симпсон, виш аналитичар во „Стоун икс“, истакна дека декември обично носи позитивни приноси за златото и среброто, но предупреди дека инвеститорите треба да бидат претпазливи бидејќи обемот на тргување може да се намали, а профитот да се зголеми.

Од техничка страна, аналитичарот на Ројтерс, Ванг Тао, смета дека златото може да ги продолжи добивките до 4.427 долари по унца откако го проби клучното ниво на отпор од 4.375 долари.

И другите скапоцени метали бележат силен раст-платината се зголеми за 4,3% на 2.057,15 долари, достигнувајќи највисоко ниво во последните 17 години, додека паладиумот порасна за 4,2% на 1.786,45 долари, највисоко за речиси три години.

Оваа година златото и среброто се на пат да забележат најголем годишен раст од 1979 година, што ги прави скапоцените метали центар на вниманието на инвеститорите ширум светот.

━ повеќе содржини

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...
spot_img