21.4 C
Shtip
spot_img

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година

надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, а намалување ќе има и кај цената на МЕМО од 3,40 % . Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), денеска ја соопшти претседателот на Комисијата, Марко Билсимоски.

„Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби. Сега останува универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ, под наш надзор да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36 %,“ изјави Бислимоски.

Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем во крајната цена учествува со околу 33%, додека надоместокот за користење за преносниот систем учествува со околу 4% во крајна цена, а цената на МЕМО е со незначително учество од околу 0,19 % во крајната цена.

Инаку, надоместот за пренос и дистрибуција на струја, односно таканаречената мрежарина, се плаќа за изградба и одржување на преносната и дистрибутивната мрежа, трошоци за отчитување и одржување на мерните места, за помошни системски услуги и балансирање на мрежата, а со тие пари се покриваат и загубите на електрична енергија во мрежата.

Во дел од сметките се гледа дека за дистрибуција се плаќа повеќе отколку за самата струјата.

Сметките за струја на граѓаните сега се поделени во четири блокови за скапа струја, евтината не се дели во блокови. Тие што трошат повеќе скапа струја, плаќаат повеќе.

Блоковите беа воведени за тие што трошат помалку да плаќаат поевтино, но со воведувањето на надомест за пристап до мрежа, токму тие што трошат малку, плаќаат нешто повисоки сметки во споредба со сега.

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img