22.4 C
Shtip
spot_img

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД OПШТИНА ШТИП ЗА ПРИОРИТЕТИ НА ПРОЕКТИТЕ НА ОПШТИНА ШТИП ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ RELOAD 3

Општина Штип Ве поканува да присуствувате на јавна дебата за дефинирање на приоритети за јавен повик за граѓански организации кој ќе биде објавен на почетокот на 2026 година. Овие активности се спроведуваат во рамките на соработката на Општина Штип со Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Јавната дебата ќе се одржи на 9.12.2025 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во сала 2 во општина Штип. Целта на дебатата е да се претстават предложените приоритетни и подприоритетни области на општината и да се овозможи конструктивна дискусија со граѓанските организации пред нивно финализирање. Вашето учество е од голема важност за успешна соработка и обезбедување транспарентен, инклузивен и ефикасен процес на планирање и финансирање на проекти кои се од интерес за граѓаните и општината. На дебатата ќе бидат разгледани приоритетите од областа на:

1. Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи;

2. Животна средина и одржлив развој;

3. Младински  развој, образование и активизам;

4. Култура, уметност и заштита на културно  наследство;

5. Локален економски развој и иновации,

како и објаснување на условите за поднесување на предлог проектни иницијативи. Вклучувањето на Општина Штип во ReLOaD3 програмата претставува значаен поттик за натамошно унапредување на соработката со граѓанските организации како и јакнење на капацитетите и зајакнување на институционализирање и севкупна вклученост на граѓанското општество во креирање и спроведување на локалните политики. Советот на Општина Штип има донесено одлука за кофинансирање проекти на граѓански организации во рамките на организирање на јавен повик организирани во соработка преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Приоритетни области на Општина Штип во рамки на ReLOaD3 програмата се дадени на следниот линк:

https://stip.gov.mk/wp-content/uploads/2025/12/Prioriteti-Stip_final.pdf )

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img