23.9 C
Shtip
spot_img

Денес е светски ден за борба против сидата! Кои се статистичките податоци за ХИВ вирусот во Македонија?

38 нови случаи на ХИВ/СИДА во 2025, регистрирани 8 смртни случаи

Заклучно со 27 ноември 2025 година, во Македонија се пријавени 38 новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители – значително пониска од просекот во ЕУ/ЕЕА (5,3/100.000). Случаите се намалени за 25,5% во однос на истиот период во 2024 година, кога беа регистрирани 51 случај.

Од новите случаи оваа година, 15 се од Скопје. Регистрирани се 8 смртни случаи поврзани со СИДА. Од новозаболените, 37 се мажи, 1 е жена, со просечна возраст од 35 години.

Најзастапена е возраста 20–39 години, со 73,7% од сите нови случаи.

Препознаени ризик-фактори:

29 лица од МСМ популацијата

5 лица со хетеросексуална трансмисија

Македонија останува земја со ниска преваленца на ХИВ – од 1987 до сега се регистрирани 726 случаи, но 32% од нив во последните пет години, што покажува растечки тренд кај сексуално активната популација.

Антиретровирусната терапија значително го снижува нивото на смртност – во последната деценија изнесува 7,4%, во споредба со вкупната историска стапка од 18,2%.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img