30.6 C
Shtip
spot_img

Свирепо убиство на 79-годишна жена во Штип – сторителот прво ја избодел жртвата до смрт, па ја закопал во дворот

Седумдесет и деветгодишнатa Б.Н. од Штип свирепо е убиена од страна на 74 годишниот Д.А. исто така од Штип, кој претходно во неговиот дом ја држел без волја, а откако ја убил ја закопал во дворот.

Во писментото соопштение од Министерството за внатрешни работи се вели дека Секторот за внатрешни работи Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднел кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и „противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.

Случајот бил пријавен во СВР Штип на 24.10.2025 година , кога 84-годишната Д.О. од Штип известила дека нејзината сестра Б.Н. се оддалечила од домот. По преземените мерки и сомнежите дека жената можеби била држена во домот на осомничениот, на 10.11.2025 година бил извршен претрес со судска наредба. При претресот биле пронајдени и одземени предмети и траги од крв, по што Д.А. бил лишен од слобода и задржан во притвор до 96 часа во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

По изработените вештачења и дополнителни мерки, во повторен разговор со полицијата осомничениот детално го појаснил начинот на кој, според МВР, го извршил делото.

Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img