14.5 C
Shtip
spot_img

Ултрамаратонците од Штип повторно го развеа македонското знаме – прво место и рекорд за Кристијан Киров во Србија!

Тимот на „Ултра“ од Штип повторно ја претстави Македонија и својот град во најдобро светло надвор од државните граници. На 2 ноември, македонското знаме се вееше во околината на Крагуевац, Србија, каде штипјани учествуваа на „Шумадија Треил“ – планинска трка долга 22 километри со висинско искачување од 1000 метри.

Во силна конкуренција од повеќе од 60 тркачи од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Италија, доминираше Кристијан Киров од штипскиот клуб, кој со време од 1 час и 54 минути убедливо го освои првото место, поставувајќи нов рекорд на патеката!

Одличен настап имаа и останатите членови на штипскиот клуб – уште двајца тркачи се пласираа во најдобрите 10, што ја заокружи доминацијата на „Ултра“ во ова издание на трката.

Кај жените, Ангела Величкова блесна со трето место и место на победничкиот подиум.

Покрај главната трка, настанот вклучуваше и пократка рута од 12 километри, на која настапија над 130 тркачи.

Настанот беше одлично организиран од страна на планинарското друштво од Шумадија, а се одржа во прекрасната природа околу селото Дулене.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img