31.5 C
Shtip
spot_img

Ана Николиќ: „Ќе го пријавам сопругот за силување“ – Нова драма на новопечениот брачен пар неколку дена по свадбата на Малдиви

„Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. Сега ќе го пријавам за силување. А тогаш ќе остане во затвор, во мрачните подруми на Дубаи, доживотно“, рекла пејачката, само неколку дена откако се омажи со композиторот Горан Ратковиќ Рале.

Српската пејачка Ана Николиќ, и композиторот Горан Ратковиќ Рале, кои пред само неколку дена се венчаа на Малдиви, веќе направија нов скандал, и тоа во Дубаи.

Според српските медиуми, парот од Малдиви заминал во Дубаи за Ана да го сними спотот за нејзината нова песна Nije mi 22.

По доаѓањето таму, толку многу се искарале, што Рале ги зел сите пари што ги имале и се вратил во Белград, а Ана останала сама во хотелот Hilton, од каде што сакале да ја избркаат.

Таа, наводно немала пари да плати за престојот, бидејќи Рале ја оставил без пари.

На Твитер се споделува и видео од хотелската соба на пејачката, на кое се гледа како вработените во хотелот ѝ ги изнесуваат куферите од собата, а кое го снимила самата Ана.

Во кратка изјава за Курир, таа се заканила дека ќе го пријави за силување и не бирала зборови за да го навреди својот нов сопруг.

„Господинот Рале е едно го*но смрдливо кое дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но, а тој е тоа.

Ако ми пријде, ќе го пријавам и ќе добие забрана за приоѓање засекогаш.

Сега ќе го пријавам за силување. А тогаш ќе остане во затвор, во мрачните подруми на Дубаи, доживотно“, рекла таа.

Композиторот, пак тврди дека тој платил околу 30.000 евра за патувањето, а дека Ана ги платила само првите авио-билети, но бидејќи пропаднале поради кавгата во тоа време, тој ги купил новите билети за ова патување.

На Твитер се шегуваат дека Ана можеби и не знае дека се омажила на патувањето.

За потсетување, парот се венча на Малдиви само неколку месеца откако Рале физички ја нападна Ана, па таа го пријави во полиција, по што му беше изречена забрана да ѝ приоѓа.

Пејачката тогаш го покажа раскрвавеното лице, го навредуваше, плачеше, но брзо потоа се смири со него и заедно отпатуваа на летување на Малдини, каде што направија венчавка на плажа.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img