17.6 C
Shtip
spot_img

Заврши јубилејниот „Макфест“ – една сцена, илјада спомени – големите имиња се вратија во Штип

Со свечената „Вечер посветена на јубилејните 40 години Макфест“, заврши овогодинешното фестивалско издание кое траеше три дена, а го одбележа емоција каква што само Штип и „Макфест“ можат да создадат.

Ден сончев, атмосфера полна со возбуда — се чувствуваше дека се случува нешто големо. Учесници, новинари, гости и љубители на песната ги исполнуваа штипските улици, хотелот „Оаза“ беше преполн, а црвениот килим блескаше под чекорите на најголемите македонски музички имиња.

Телевизискиот пренос на МРТВ започна со емотивно интро што низ видеа и архивски снимки ги прикажа почетоците на фестивалот и патот до денес. Салата преполна, а солзи во очите кај сите – и кај публика и кај изведувачите.

Прв настапи легендарниот Трајче Манев, победник на второто издание од 1987 година, со безвременската „Осамен“„Ја имав истата трема како тогаш“, призна за Музика24 Манев по настапот. Потоа следеше насмеаната Росана, со песната која сите ја пееле барем еднаш – онаа што некогаш ја изведе во дует со својата сестра Маријана, која сега од Австралија ѝ даде благослов да ја отпее сама. Публиката повторно ја доживеа магијата на „Самба во Штип“ со Питер Џон Босе, „Ангели ме носат“ во изведба на Силви Бенд, и многу други вечни хитови што се вратија на големата сцена.

Веднаш по првите четири изведби на овогодинешниот „Макфест“ сцената ја обоија емоции и носталгија. Водителите Маријана Станојковска и Димитар Атансовски го најавија човекот без кого овој фестивал никогаш не би ни постоел – господинот Стојан Троицки, основачот и основоположникот на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Во име на Општина Штип и граѓаните на Република Македонија, градоначалникот Иван Јорданов му врачи плакета за особен придонес и развој на „Макфест“, како знак на длабока благодарност за неговата визија и љубов кон македонската музика. Салата стана на нозе. Аплаузот беше долг, топол и искрен — аплауз кој го надмина секој настап, аплауз што зборуваше повеќе од илјада зборови. Во тој миг, големиот меѓу големите, Стојан Троицки, не ги задржа емоциите — со солзи во очите се поклони пред сите.

Тој емотивно на големата макфестовска сцена изјави:

„Се поклонувам на градот Штип што успеа 40 години да го финансира и одржува ова чудо. Би бил многу посреќен тука до мене да беа моите соработници, раководителите на уметничка програма. Морам да го споменам: Славе Димитров, Љупчо Мирковски, Валентино Скендеровски, Кристијан Габровски, и првиот уметнички директор на Макфест – штипјанецот Кирил Милев. Благодарам уште еднаш“, емотивно се заблагодари Г-нот Троицки кој што беше испратен со долг и громогласен аплауз.

Признанија беа доделени и на оние што оставиле длабок белег: Кирил Панајотов, Трајче Јованов (постхумно), Александар Арсовски – сегашниот оперативен директор кој целосно го оживеа фестивалот со нова енергија. А во продолжение на фестивалот, сцената повторно оживеа со настапите на Сашо Гигов Гиш, Олгица Христовска, Емил Канаваро и Дарко Андонов, како и неповторливиот Мики Јовановски Џафер со „Сонце за три светови“. Тања Кочовска заплака додека ја пееше „Твоите очи сине“, а Ристо Самарџиев ја крена публиката на нозе со „Таму каде што си“.

Следуваше посебен момент кога Роберт Саздов, сегашниот уметнички директор, им врачи плакети на сите уметнички директори низ годините – имиња кои ја граделе историјата на „Макфест“: од Кирил Милев и Славе Димитров, преку Љупчо Мирковски, Валентино Скендеровски, Драган Мијалковски, па сè до Владимир Дојчиновски и самиот Саздов. На присутните им беше врачена плакетата на сцената, а останатите кои од оправдани причини не беа во можност да присуствуваат ќе им биде дополнително врачена и испратена.

Последниот блок песни ја спои традицијата и новиот звук: Бојана Скендеровски со „Немам одбрана“, Јован Јованов со „Магија“ и „Ти ме сакаш“ (во дует со Маја Саздановска), Ламбе Алабаковски со „Не планирам“, и секако – култната „Бела“ во изведба на Пајак и Лара. И така, со громогласен аплауз и срца исполнети со гордост, се затвори 40-тото јубилејно издание на „Макфест“ – фестивал што не е само музика, туку љубов, историја и дел од нашата национална душа.

Макфест уште еднаш докажа – кога има волја, љубов и музика, се е можно.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img