19.1 C
Shtip
spot_img

Корените го влечат во Берово, Милош Биковиќ најавува голема инвестиција

Еден од најпознатите актери на Балканот, Милош Биковиќ ја посети Малешевијата.

Берово деновиве имаше чест да го пречека еден од најпознатите актери на Балканот, Милош Биковиќ. Но ова не беше само пријателска или куртоазна посета. Зад неговото доаѓање стои сериозна намера и конкретна визија: разговори за реализација на најголемата поединечна инвестиција во историјата на општината.

Иницијативата за средбата произлезе од кандидатот за градоначалник, Петар Ружински, кој со својата идеја и план успеа да го привлече вниманието на Биковиќ и да го донесе во срцето на Малешевијата.

„Корените секогаш те влечат дома. Но, визијата е она што те убедува да инвестираш во иднината. Во разговорот со Петар Ружински, јас ја видов таа визија за Берово“, истакна Биковиќ, додавајќи дека неговите семејни врски со овој крај го прават ова место посебно блиско на неговото срце.

Според најавите, оваа инвестиција би можела да донесе вистинска трансформација на регионот: економски раст, отворање нови квалитетни работни места, зголемување на туристичката понуда и современ развој на инфраструктурата.

Во срцето на ова мало, но преубаво планинско гратче, се наоѓа едно од неговите највредни природни богатства – Беровското Езеро. Низ годините, некои објекти околу езерото, како на пример, некогашното детско одморалиште и ресторанот ја изгубија својата живост. Сцените исполнети со детска смеа и мирис на домашна храна се претворија само во носталгија. Но, сега, надежта повторно се врати.

Одлуката за обнова на овие објекти не е само економски проект, туку враќање на душата на градот. С

Инаку, во последните месеци, Биковиќ беше во фокусот на јавноста со своето најново остварување – филмот „Изолација“, проект кој не само што ги освојува филмските фестивали, туку отвора и длабоки теми за животот.

„Изолација’ е филм за тоа како се менуваме кога знаеме дека сме постојано набљудувани, кога вниманието станува единствена вредност што ја имаме,“ изјави неодамна Биковиќ.

Актерот, кој со години живее меѓу Белград, Москва и други европски градови, е познат и по тоа што внимателно го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста. Ретко говори за својата избраничка Ивана и за синот Василије, и тоа со посебна доза на достоинство.

„Мојата ситуација е специфична поради работата што ја имам. Но, денес, ни обичниот човек нема повеќе право на приватност. Се трудам мојот семеен живот да го чувам далеку од камерите. Никогаш не сум сакал со тоа да привлекувам внимание. Сè што некогаш излегло во јавност било случајно.“

Повремено на социјалните мрежи актерот споделува по некоја фотографија со својот наследник, но секогаш дискретност.

„Денес е невозможно целосно да живееш сокриен. Секој може да те пронајде, а тоа не е нормално. Тоа е цивилизациска катастрофа што лесно ја прифативме“ – вели актерот.

Се присети и на една непријатна ситуација со руски новинари, кога му поставувале само прашања за приватниот живот, без интерес за неговата работа.
„Не сакам да ги заморувам гледачите со празни теми. Сè треба да има граница, а таа граница се нарекува – почитување.“

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img