13.9 C
Shtip
spot_img

Приведен е пироманот кој го подметна пожарот во с.Љуботен, Штипско

На 25.09.2025 во 14:10 часот во с.Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад. На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип и локалното население. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

━ повеќе содржини

ЗИМСКИ ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ И ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа снег!

Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) нашата Република Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен бран од...

Привремено е затворена сендвичарата од која потенцијално се затруени учениците во Штип!

По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна...

Шок на погреб во Аргентина: Се појави ‘мртовецот’ што го погребувале

Мртовец“ ги шокираше ожалостените кога се појави на сопствениот погреб пред да извика „Жив сум!“ 22-годишникот, кој исчезнал по неколкудневно пиење, бил пријавен за мртов...

Дневен хороскоп за понеделник, 29-ти септември 2025 година!

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори и започнување разни активности. Сигурно...

Најпознатиот руски астролог тврди дека овие четири хороскопски знаци чекаат финансиски успех што се случува еднаш на секои 50 години

Астролошките предвидувања понекогаш укажуваат на периоди што се случуваат само еднаш во животот. Според познатата руска астрологка Тамара Глоба, некои хороскопски знаци наскоро би можеле...
spot_img