6.1 C
Shtip
spot_img

Осман Дембеле – освојувач на златната топка!

Втор во изборот за наградата Златна топка беше тинејџерот на Барселона, 18-годишниот Ламин Јамал, додека трет беше клупскиот колега на Дембеле, Португалецот Витиња.

Дваесетиосумгодишниот Французин беше клучниот играч во историскиот прв триумф на ПСЖ во изминатата сезона во Лигата на шампиони кога во финалето го совладаа Интер со 5-0.

Наградата на Дембеле на вечерашната церемонијата во Париз му ја врачи легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо.

Втор во изборот за наградата Златна топка беше тинејџерот на Барселона, 18-годишниот Ламин Јамал, додека трет беше клупскиот колега на Дембеле, Португалецот Витиња.

За најдобра фудбалерка е избрана Шпанката Аитана Бонмати, која победи во изборот пред Мариона Калдентеј.

Стратегот на ПСЖ, Луис Енрике, беше избран за најдобар тренер за сезоната 2024/25 во која со францускиот тим ја освои Лигата на шампиони.

Во конкуренција за престижната награда беа и Антонио Конте, Ханси Флик, Енцо Мареска и Арне Слот.

ПСЖ го освои признанието за најдобар машки, а Арсенал за најдобар женски клуб во изминатата сезона.

Наградата за тренер на годината во женска конкуренција ја доби Сарина Вигман, која ја предводеше Англија до европската титула.

Чуварот на мрежата на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го освои трофејот „Лав Јашин“ за најдобар голман во сезоната 2024/25 за неговите настапи со неговиот поранешен клуб ПСЖ. Ова е втор пат во неговата кариера Донарума да ја освои наградата, откако признанието го одби и во 2021 година за неговата европска титула со Италија.

Напаѓачот на Арсенал и поранешен играч на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, ја освои наградата „Герд Милер“, која се доделува на најдобриот стрелец.

Втора година по ред, Јамал ја освои наградата за најдобар млад фудбалер под 21 година, додека наградата за најдобра млада фудбалерка во сезоната 2024/25 ја освои фудбалерката на Барселона, Вики Лопез.

Французинот, кој ги освои сите трофеи во домашните и европските натпреварувања со Пари Сен Жермен, не можеше да поверува што му се случи.

– Неверојатно и извонредно – она ​​што ми се случи – рече Дембеле откако ја прими Златната топка од рацете на легендарниот Роналдињо.

– Сезоната со ПСЖ беше неверојатна. Малку сум нервозен… Да го земам овој трофеј и да го примам од рацете на Роналдињо – нереално. Благодарам на ПСЖ што ме донесе во 2023 година, благодарам на тимот, клубот што е како семејство, претседателот, целиот персонал – и секако Луис Енрике, кој ми е како татко – рече Дембеле.

Тој исто така се потсети како му се одвиваше кариерата пред да пристигне во ПСЖ, кога многумина го отпишаа.

– Во добри и лоши времиња, овој тим беше со мене. Оваа награда е индивидуална, но сите ја носиме заедно како тим. Благодарам и на Борусија Дортмунд, Рен и секако, во Барселона ги исполнив моите соништа – играв покрај Меси и Иниеста. Тоа беше училиште во животот – рече Французинот.

Тој им се заблагодари на своите соиграчи, тренерот Луис Енрике, па дури и на тренерот Дидие Дешан.

Сепак, најмногу се расплака кога зборуваше за своето семејство, мајка и најдобар пријател со кои доживеал тешки моменти.

– Благодарение на моето семејство, а особено на мајка ми – таа беше со мене во сите тешки моменти. Благодарност до мојот агент кој секогаш веруваше во мене. Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе ја освојам Златната топка… Благодарност и до мојот најдобар пријател со кого поминав низ сè во последните пет години. Тој секогаш беше тука – и ќе биде до крајот – заклучи Дембеле.

━ повеќе содржини

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...

SpaceX го става Марс на чекање, приоритет е самоодржлив град на Месечината

Извршниот директор на SpaceX Елон Маск предизвика големо внимание во светот на вселенските технологии откако објави дека неговата компанија веќе го префрлила приоритетот од колонизација на Марс кон...

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – најпознатиот српски актер од Холивуд Никола Ѓуричко доаѓа во Македонија!

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер...

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да...
spot_img