14 C
Shtip
spot_img

Боки 13 во „Ами Џи шоу“ го шокираше водителот, а и јавноста: „Овие двајца од познатите ријалити фаци ми се додворуваа“

Контроверзниот Бојан Јовановски, познат под уметничкото име Боки 13, се врати во јавноста со своите поткасти, а вчеравечер, 16 септември 2025, беше гостин во емисијата „Ами Џи Шоу“ со Огњен Амиџиќ.’

Боки зборуваше за затворските денови што се зад него, но и за сите детали од неговиот живот што јавноста не ги знаеше. Кога беше замолен да го открие името на добро познат маж кој му се додворувал, Боки 13 рече како од топ:

„Младен кој беше во Големиот брат и Бане кој беше учесник во Фарма – изјави Боки 13, со што го  шокираше Огњен, но и сите во студиото, па и целата јавност.

– Ме лажеш?! Бане те ‘мувал’? – го праша Огњен Амиџиќ.

Инаку Младен Радуловиќ е машки  модел кој учествуваше во реалното шоу ВИП Велики Брат, а беше во врска со пејачката Анабела Атијас, заедно дури ја снимија и дуетската песна „150 степени“. Пред тоа, Радуловиќ беше во врска со Сека Алексиќ цели три години, по што се свршија, но подоцна ја растурија свршувачката. Подоцна тој се пресели во Америка, а денес живее на Беверли Хилс. На некои слики има брада и изгледа значително послаб, а на своето име додаде и друго име – Маркус.

Бане Јанковиќ пак јавноста го знае како поранешно момче на пејачката Катарина Живковиќ. Тој беше познат модел, а популарноста ја стекна со учеството во реалното шоу „Фарма“, каде што се здружи со Каќа. Бане, патем, денес има деца со една убава црнка дама, што и го покажа во неколку наврати на социјалните мрежи.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img