15.9 C
Shtip
spot_img

Од четврток до сабота четврти по ред ,,Golden Piano Talents“ фестивал во Штип, настапуваат пијанисти од над 40 земји

Од денес до сабота, Штип ќе биде домаќин на интернационалниот фестивал „Golden Piano Talents“, кој по четврти пат ќе ги собере најдобрите млади пијанисти од целиот свет. Фестивалот, кој брзо се афирмираше како еден од најзначајните музички настани во регионот, ќе се одржи во културниот простор на УГ Безистен, а ќе понуди извонредни музички изведби, едукативни активности и можности за меѓународна размена на таленти.

Во овие заклучно три дена на фестивалот ќе настапат 50 пијанисти од над 40 земји, кои ќе ја воодушеват публиката со своите интерпретации на класични дела. Програмата вклучува пет соло рецитали и два концерта на победниците, кои ќе ги понудат најдобрите младински таленти од Македонија и светот.

Во рамките на фестивалот ќе биде организирано и предавање од пијанистката Антониа де Паскуале (Италија), која ќе сподели свои знаења и искуства со младите уметници. Завршниот ден ќе донесе Големиот свечен концерт, на кој ќе бидат доделени награди и признанија за најуспешните пијанисти.

„Golden Piano Talents“ претставува не само врвен музички настан, туку и важен културен и образовен проект, кој на Штип и Македонија им носи светско признание во полето на класичната музика.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img