14 C
Shtip
spot_img

Синот на Арнолд Шварценегер со неверојатна трансформација

Синот на Арнолд Шварценегер не се препознава, откако драстично ослабна

Кристофер Шварценегер ја покажа својата неверојатна трансформација, оставајќи ги сите без зборови со својот нов изглед.

Фотографиите што ги објави неговата сестра Кетрин на Инстаграм го прикажуваат 27-годишниот Кристофер во тесна маица и шорцеви, нагласувајќи колку значително ослабнал во последните години. Неговиот зет Крис Прат и мајката Марија Шрајвер веднаш му упатија пофалби, но вниманието најмногу го привлече токму Кристофер со својот нов, поздрав изглед.

Неговата борба со тежината трае со години, а пресвртот започнал во 2020 година кога постепено ја менувал исхраната и вовел постојан режим на вежбање. Призна дека губењето килограми било процес исполнет со предизвици, но истрајноста му донела резултати. Дури и патувањето во Австралија во 2019 година било клучен момент, откако сфатил дека тежината го ограничува во активностите што ги посакувал.

Денес, целото семејство е гордо на него. Неговиот брат Патрик го нарече „нова личност“, додека татко му Арнолд искрено признал дека не може да го следи неговиот тренинг ритам. Мајката Марија Шрајвер, пак, нагласила дека упорноста на Кристофер е најголемата инспирација. За разлика од неговиот полубрат Џозеф Баена кој се фокусира на бодибилдинг, Кристофер избрал постепено слабеење преку здрава исхрана и вежбање – стратегија што очигледно дава резултати.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img