-1.5 C
Shtip
spot_img

„ChatGPT“ достигна рекорден раст на активни корисници неделно

OpenAI објави дека ChatGPT оваа недела за првпат достигна 700 милиони активни корисници неделно. Ова претставува четирикратно зголемување во однос на истиот период минатата година, и значителен раст од 500 милиони корисници регистрирани на крајот на март.

Оваа бројка ги вклучува сите кориснички категории: бесплатни, Plus, Pro, Enterprise и Edu. Според извештајот, OpenAI забележал и зголемување на стапката на раст за 2,5 пати споредено со претходната година.

Границата од 500 милиони беше достигната во март, откако беше воведена функцијата за генерирање слики преку GPT-4o – опција што брзо стана популарна, со корисници кои ја користат за создавање креативни слики во различни стилови, како Ghibli или реални акциони фигури.

Во меѓувреме, кружат гласини дека OpenAI наскоро ќе го објави својот нов модел – GPT-5. Моделот веќе предизвикува големо внимание на социјалните мрежи, а извршниот директор Сем Алтам дополнително го поттикна интересот со неодамнешна објава поврзана со новиот модел.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img