21.5 C
Shtip
spot_img

80 години од атомската бомба кај Хирошима

Темниот звук на ѕвоното во меморијалниот центар во Хирошима го потсети светот на најцрните сенки во историјата на човештвото. Одбележани 80 години откако „малото момче“ го здроби милионскиот јапонски град, покажувајќи ја разорната моќ на атомската бомба. Во мигот кој ја пробива тишината, точно во часот кога одекнала експлозијата, градот молчи во спомен за 140 илјади загубени животи, но и во чест на непобедливиот дух на преживеаните чија животна мисија е сведоштвото за ужасот, пустошот и неизмерната човечка болка што испраќа моќна порака – никогаш повеќе.

„Бев закопан, сакав да викам мамо помогни ми, но не успеав. Се сеќавам на се дури и сега. Знаете дури постои нуклеарното оружје нема да има мир во светот“, изјави преживеан.

„Изгорена коса, лице поцрнето како јаглен, облеката распарчена. Луѓето што одеа низ станицата Ураками изгледаа така. И сите молеа за вода. И покрај тоа што сум возрасна, сакам да говорам за ова, да ја споделам трагедијата од војната со многу луѓе“, изјави друга преживеана.

Јапонскиот премиер Ишиба положи цвеќиња на споменикот посветен на жртвите. Беа пуштени десетици бели гулаби како симбол на мирот.

„Како премиер, би сакал да ги упатам моите искрени молитви за душите на оние кои ги загубија животите во атомското бомбардирање“, изјави Шигеру Ишиба– јапонски премиер.

Но, дали светот ја научи лекцијата?!? Денес повторно се соочуваме со геополитички тензии и зголемени нуклеарни закани. Расте бројот на земји чии лидери го поддржуваат поседувањето нуклеарно оружје како средство за одвраќање, меѓу нив и Јапонија. На 80 годишнината од одбележувањето, се собраа стотици демонстранти повикувајќи, светот да се ослободи од нуклеарното оружје.

„Тука сме да ги оплакуваме жртвите од атомското бомбардирање и да се спротивставиме на јапонскиот премиер кој се залага за поседување нуклеарно оружје за одвраќање, а присуствува тука на комеморацијата. Апелираме комеморацијата да не прерасне само во величање на жртвите како херои, туку да се бориме против војната и нуклеарното оружје“, рече демонстрант.

„Она што мора да го направиме е да ја запреме војната во Украина и да се осигураме дека Јапонија нема да учествува во неа. Мора да луѓето од целиот свет заедно да се заложат за крај на војната. Исто така, мора да запрат масакрите во Израел“, изјави демонстрант.

Три дена по експлозијата во Хирошима, со атомска бомба целосно беше уништен и градот Нагасаки, со над 70 илјади жртви. На 15-ти август Јапонија се предаде, со што заврши Втората светска војна.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img