5.5 C
Shtip
spot_img

Еве како да ги избркате змиите од Вашиот двор

1. Отстранете ги скривалиштата
Змиите обожаваат темни, влажни и скриени места – како купишта дрва, стари даски, густи грмушки и несредени тревници. Токму таму се крие и нивниот плен – глувците. Редовно косете ја тревата, скратете ја живата ограда, и држете дрва, камења или градежен материјал подалеку од куќата. Храната за миленици секогаш чувајте ја затворена – тоа ја намалува шансата глувците (а со тоа и змиите) да се појават.

2. Природни репеленти – сода бикарбона
Некои истражувања и домашни искуства укажуваат дека змиите избегнуваат места каде што има сода бикарбона. Распоредете ја во мали купчиња околу најризичните делови од дворот – близу до ограда, влезови, или до складирани материјали. Евтин, безбеден и природен метод.

3. Ваши сојузници: кучиња и мoрки
Кучињата имаат силен инстинкт и често први детектираат змија во близина. Но уште пославени се мoрките – кои не само што огласуваат аларм, туку народното верување вели: „Каде што има мoркa – таму нема змија.“ Освен тоа, и тие активно ги ловат глувците и помагаат во природниот баланс.

Змиите не секогаш се опасни – но не е потребно да ги чекате да се населат за да преземете мерки. Одржувајте го просторот чист, храната безбедна, и размислете за „природна одбрана“ наместо хемиски средства. Вашиот двор ќе биде побезбеден – и за вас, и за вашите најмили.

━ повеќе содржини

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...
spot_img