13.9 C
Shtip
spot_img

На 21.август голем tribute концерт за Тоше Проески во Штип

На 21.август во Дом на млади во Штип ќе се одржи концерт на нашата поп икона Тоше Проески. После одличниот концерт ланската година, годинава се спрема второто издание.

Еве ја комплетната програма:

– Во период од 10:00 до 16:00ч. во Домот на млади ќе реализираме крводарителска акција “Биди хуман како Тоше”. Ја продолжуваме хуманата мисија на Тоше. Секој крводарител ќе добие гратис влезница за концертот и пакет производи од нашите пријатели.
– Во 20:00 часот настапуваат ѕвездичките од “Весело Штурче” кои во хор ќе интерпретираат композиции од Тоше.
– Од 21:00 започнува главниот сегмент од ноќта посветена на нашиот Тоше. Со unplugged изведба, концертот го отвораат Duo Bright & Lili Аcoustic. По нив, на сцената настапуваат The Hounds со свој аранжман на неколку песни од Тоше. Потоа настапуваат: Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски…
– No End & Friends ќе бидат бендовска поддршка на изведувачите
– Водители: Миро Кацаров и Верица Донев (Backstage)

Влезниците по промотивна цена во претпродажба ќе се продаваат од 05.08.2025 ( повеќе инфо наскоро…)
Концертот има хуманитарен карактер, дел од средствата ќе бидат употребени за реконструкција на улицата Тоше Проески во Крушево.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img