12.1 C
Shtip
spot_img

18-годишник со потекло од Македонија упасен во Австрија за планирање терористички напад

18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен, поради планирање на терористички напад, објавија австриските медиуми. Според првичните информации, тинејџерот пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и правел планови како да нападне институции. Полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и оти неговите планови биле сериозни.

По добивање на информации јавен обвинител наредил итно апсење на 18-годишникот, по што било утврдено каде тој се наоѓа. Полицијата го уапсила во неделата, во близина на неговата куќа, веднаш по неговото враќање од патување во Македонија каде што бил заедно со своето семејство.

Тој негирал оти имал интенција да изврши напади, а според информациите, младиот Австриец со македонско потекло и бил познат на полицијата од претходно.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img