21.3 C
Shtip
spot_img

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на Општина Штип, каде ќе се подигнат 53 ветереници, кои годишно ќе произведуваат 400 мегавати електрична енергија, доволна за потребите на 100.000 домаќинства.

Инвеститор е компанијата „Алказар енерџи“, инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург, фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија. Инвестеицијата чини над 500 милиони долари и ќе овозможи отворање на повеќе од 600 работни места.

„Првпат ни се случува толку брзо да почнеме ваков значаен проект, затоа што досега ние сме ги поттикнувале државите, а сега раководството на оваа држава нѐ туркаше нас“, рече генералниот директор на инвеститорот Даниел Калдерон, кој за наредниот период најави нови инвестиции во Западен Балкан во износ од над 11 милијарди долари.

Почетокот на изградбата на ветерниот парк беше во близина на штипското село Љуботен, а го означија Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски и министериот за транспоорт и врски, Александар Николоски.

„Вториот ден по изборот на тогашната нова влада, заедно со Даниел и неговите соработници најавивме инвестиција во делот на обновлива енергија во вредност од половина милијарда долари, инвестиција која ќе биде драјвер и модел како треба во иднина да се движиме. Таков беше почетокот, а крајот на 2024 година беше историски за нас како држава бидејќи за првпат ја надминавме бројката од една милијарда евра директни странски инвестиции. Како Влада сме сериозно посветени на економијата, бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да нѐ одведе со гигантски чекори напред и такви се првичните индикатори од оваа година”, изјави премиерот Мицкоски.

━ повеќе содржини

ЌЕ ИГРААТ НА НОВИОТ СТАДИОН – Барселона доби зелено светло од УЕФА за Камп Ноу

Фудбалскиот клуб Барселона конечно ја доби долгочекуваната дозвола од УЕФА за враќање на својот стадион, легендарниот „Камп Ноу“. Според информациите од каталонските медиуми, европската...

Најубави септемвриски дестинации: Топло Море, Помалку Гужви, Повеќе Шарм

Септември е месецот кога морето уште е топло, градовите се мирни, а цените конечно попуштаат—идеална формула за „мал буџет, голем одмор“ без да жртвувате...

Турција очекува повеќе од два милиони крузери до крајот на 2025 година

Се очекува бројот на крузери што ја посетуваат Турција да надмине два милиони до крајот на 2025 година, потенцијално изедначувајќи го или надминувајќи го...

Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко...

Островот кој заработува милиони од инвазијата на вештачка интелигенција

Во последните година или две, вештачката интелигенција предизвика вистинска технолошка револуција. Во прилог на целосната промена на начинот на кој ние бараме и наоѓаме...
spot_img