11.6 C
Shtip
spot_img

Се разгоре војната меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Американскиот актер Бред Пит поднесе барање за пристап до приватните пораки на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли пред нивната судска битка за француската винарија Шато Миравал.

Според правните документи добиени од Page Six, Бред Пит бара од судот да го принуди Алексеј Олијник од компанијата Столи Груп да ги објави своите комуникации со Џоли и да се појави на рочиштето.

Актерот рече дека се обидел да се сретне и да се консултира со Олијник во врска со некои правни прашања, но не успеал.

Пит дополнително тврди дека Швајцарецот Олијник одбил да се придржува до законската постапка заснована на швајцарските правила кои наведуваат дека странските државјани не можат да бидат принудени да патуваат во Калифорнија за да сведочат.

Адвокатите на Пит наведуваат дека судската пракса на која се повикува Олијник не може да се примени во овој случај бидејќи актерот бара сведочењето да се даде во земјата на живеење на Олијник.

Пит и Џоли ја купиле споменатата винарија во 2008 година, додека биле во врска. Откако се разведоа, Џоли го продаде својот дел, а тој го нарече тоа нејзин обид да му се одмазди и ја тужеше. Тој исто така тврди дека Олијник дејствувал по упатствата на својот шеф, односно на шефот на „Столи груп“, Јури Шефлер, како „клучен оперативец“ зад купувањето, што несомнено го прави еден од најважните сведоци во оваа тужба.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img