10.6 C
Shtip
spot_img

Вашиот телефон ве слуша постојано – еве каде да ја пронајдете скриената опција што сè снима!

Google, технолошкиот гигант познат по своите напредни дигитални услуги, незабележливо ги снима гласовните команди на корисниците секојпат кога тие користат функции како виртуелниот асистент, Google Maps или пребарувањето преку глас. Иако компанијата тврди дека тоа го прави со цел подобрување на гласовната технологија, многу корисници не се ни свесни дека овие снимки се автоматски зачувани во нивните лични Google профили.

Според официјалното објаснување од Google, ваквото собирање на гласовни податоци помага при подобрување на точноста при интеракција со нивните уреди. Но, тоа отвора сериозни прашања за дигиталната безбедност и приватност, особено во време кога довербата во технолошките компании е нарушена.

Технолошкиот експерт Џефри Кастиљо неодамна објави едноставен водич кој покажува како можете да го исклучите ова снимање и да ја заштитите вашата приватност.

Како да го исклучите автоматското снимање на вашиот глас:

  1. Отворете ја апликацијата Google на вашиот мобилен уред.
  2. Кликнете на „Manage your Google Account“ (Управувај со твојот Google профил).
  3. Изберете ја секцијата „Податоци и приватност“.
  4. Влезете во „Поставки на историја“ (History Settings).
  5. Кликнете на „Активност на мрежа и апликации“ (Web & App Activity).
  6. Исклучете ја опцијата „Вклучи гласовни и аудио-активности“ со тоа што ќе ја отстраните сината штикла.

Google потврдува дека по исклучување на оваа функција, гласовните интеракции веќе нема да се снимаат или складираат, дури и ако сте најавени на вашиот профил.

Оваа информација предизвика бурни реакции кај интернет-корисниците ширум светот. Особено загрижени се оние кои ја ставаат приватноста на прво место и веќе одамна се сомневаат во транспарентноста на технолошките компании при собирање лични податоци.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img