4.3 C
Shtip
spot_img

Штипјани за 20% повеќе патуваат со градски превоз во однос на лани

За околу 20% е зголемен бројот на патувања со јавниот превоз во Штип оваа споредбено со претходната година. И понатаму најкористени се линиите до населбата Баби и до село Радање. Како што вели директорот на ЈП Стипион Панче Стефановски, се размислува во следниот период да се зголемат термините, со што очекуваат дополнителна искористеност на градскиот линиски превоз.

„Втората година од воведувањето и функционирањето на јавниот превоз како дејност ја завршивме успешно. Во однос на остварените патувања на територија на Општина Штип има некаде околу 80 илјади патувања, од сите видовди на патувања, како и 800 илјади патувања остварени со договори преку училиштата. На територија на Општина Карбинци има остварено околу 20 илјади патувања“ – вели Стефановски.

Во меѓувреме ќе се работи и на поставување на нови постојки, во како во центарот на гррадот, така и во приградските штипска населби и села. Истите ќе бидат идентични како новопоставените во Ново Село, Караорман и кај трговскиот центар, смарт и подостапни за граѓаните.

„Во следниот период се планира поставување на околу дестина нови автобуски постојки на различни локации во градот. Тие ќе бидат по исто терк како веќе поставените. И овие постојки ќе бидат еко смарт, дополнети со дигитални табли“ – додава Стефановски.

━ повеќе содржини

Во Штип се отвора првиот фитнес клуб специјализиран за жени

На 12.03.2026 во Штип се отвора првата теретана за жени. "Her Fit - Progress" ќе биде место каде девојките од Штип ќе можат да...

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа објави Скопје1.мк

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По...

Војната на Блискиот Исток го менува светскиот туризам, побарувачката за европските дестинации нагло ќе порасне

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со...

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?

Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната...

Корисници го напуштаат ChatGPT и преминуваат на Claude

Многу корисници преминуваат од ChatGPT на Claude, но ги изненадуваат строгите ограничувања и дневните квоти. Ограничувањата на моделите Opus и Sonnet се дел од...
spot_img