30.6 C
Shtip
spot_img

ДЕНЕС, 9 јули, е најкраткиот ден во историјата: Земјата ја забрзува својата ротација поради месечината

Земјата го забрзува своето вртење – денот ќе биде пократок за 1,3 до 1,6 милисекунди

Поради специфичната положба на месечината, ова лето Земјата почна да се врти побрзо од вообичаено. Како резултат, денес ќе изгубиме од 1,3 до 1,6 милисекунди од традиционалните 24 часа. Ова е најбрза ротација забележана во историјата на мерењето.

Земјата го забрзува своето вртење – денот ќе биде пократок за 1,3 до 1,6 милисекунди

Ротацијата на Земјата е чувствителна на природни промени и несреќи

Ротацијата на нашата планета е многу чувствителна. Дури и сезонските поместувања, катастрофи и природни феномени може да ја изменат нејзината брзина на вртење. Ова е веќе шести ваков настан од 2020 година, а научниците предупредуваат дека следуваат уште вакви денови.

Прв пат ќе се одземе секунда во 2029 година

Поради забрзаната ротација на Земјата, неколку денови ова лето – како што се 22 јули и 5 август – ќе бидат малку пократки од вообичаеното. Според Меѓународната служба за ротација на Земјата (IERS), ваквите скратени денови укажуваат на тоа дека во 2029 година може да се случи нешто што досега никогаш не било направено: одземање на една секунда од светските часовници.
Оваа промена се нарекува негативна скоковита секунда. Досега, скоковитите секунди секогаш се додаваа кога ротацијата на Земјата се забавуваше, но сега, поради нејзиното мало забрзување, ќе биде потребно да се одземе една секунда за да остане усогласено атомското време со астрономското.
Ова би била прва ваква промена во историјата на мерењето време.

Научниците велат: „Се наоѓаме во навистина необичен период, но без катастрофи на повидок“

Геофизичарот Дункан Агњу вели дека ова е „непреседан случај и голема работа“. Иако оваа промена нема да донесе катастрофи, сепак е доказ дека влеговме во навистина посебно време за нашата планета.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img